Со употреба или пристапување на taze.mk ја прифаќаш оваа Политика на Приватност.

Taze.mk многу сериозно ја зема во предвид приватноста на корисниците на интернет страницата и грижата за безбедноста на Вашите лични податоци. Со регистрирање на нашата интернет страница ни давате одредени информации за Вас: псевдоним, лозинка, е-пошта и слично.

При Вашето користењето на taze.mk ние собираме само информации што се јавно објавени од Вас. Taze.mk ги складира сите информации на серверот и како дополнување користиме „колачиња“ одсносно „cookies“. „Колаче“ е елемент на податок што една веб страница може да го испрати до Вашиот Интернет пребарувач кој понатаму може да го складира во Вашиот компјутерски систем. „Колачињата“ помагаат во обликувањето на информацијата која веб страницата ќе Ви ја даде по повратната посета. Ако не сакате да примате такви „колачиња“ од нашата интернет страница можете да ја напуштите или пак да го конфигурирате Вашиот Интернет пребарувач да Ве информира кога примате такво „колаче“ давајќи Ви можност да одлучите дали ќе го прифатите или ќе го блокирате. „Колачето“ се користи со цел да Ви го олесни најавувањето на taze.mk.

Лични податоци

Вашите лични податоци што Ве идентификуваат како личност не се откриваат на трети лица. Сите податоци што се складираат од страна на серверот ќе бидат искористени по потреба и само за нашата услуга на начин со кој Вашата приватност нема да биде загрозена.

Ние ќе ги почитуваме сите важечки македонски закони за заштитата на податоци со кои се регулира собирањето и употребата на личната информација.

Безбедност

Taze.mk ќе се обиде на најдобар можен начин да ги заштити вашите лични информации, но со самото користење на нашата страница Вие се согласувате дека сопствениците или уредниците не се одговорни доколку таквите информации бидат украдени, загубени, објавени или случајно изменети. Во таков случај нема да преземате било какви правни мерки против нас или исто така да барате оштета од нас.

Ако имате било какви прашања за обработката на Вашите податоци од страна на taze.mk, добредојдени сте да контактирате со нас.